петок, 25 октомври 2024

Британскиот премиер Риши Сунак се извини што предвреме ја напуштил прославата на Денот Д

Британскиот премиер Риши Сунак денеска се извини што предвреме ја напушти церемонијата по повод 80-годишнината од истоварувањето на сојузниците во Нормандија за да учествува во телевизиско интервју.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сунак изјави дека вчера, по завршувањето на „британската манифестација“ во Нормандија, се вратил во Велика Британија.

„Кога ќе размислам, грешка беше што не останав подолго во Франција – и се извинувам“, рече Сунак.

Сунак се најде на удар на критики откако вчера порано ги напушти комеморативните церемонии во Нормандија за да може да сними интервју, пишува Гардијан.

Британскиот премиер во четвртокот учествуваше на церемонијата во Вер-сур-Мер на северот на Франција, каде меѓу 2.000 гости беа и британскиот крал Чарлс и кралицата Камила, како и францускиот претседател Емануел Макрон, американскиот претседател Џозеф Бајден и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Сунак, сепак, не учествуваше на попладневната церемонија на плажата Омаха, во Сен Лоран-сур-Мер, наместо тоа се врати да сними интервју за ИТВ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ