петок, 18 октомври 2024

Британската влада повеќе не се противи на налогот за апсење на Нетанјаху

Новата влада на Британија се откажа од противењето на одлуката на Меѓународниот кривичен суд да издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер денес потврди дека владата нема да вложи приговор на надлежноста на Меѓународниот кривичен суд во тој случај, пренесува Гардијан.

„Тоа (противењето на одлуката на МКС да издаде налог за апсење на Нетанјаху) беше предлог на претходната влада кој не беше поднесен пред изборите. Можам да потврдам дека владата нема да го продолжи тоа во согласност со нашиот долгогодишен став дека тоа е работа за која одлучува судот“, кажа заменикот на портпаролот на премиерот.

Главниот обвинител на МКС Карим Кан во мај најави дека поднесува барање за издавање налог за апсење на Нетанјаху и неговиот министер за одбрана Јоав Галант за наводни воени злосторства извршени за време на нападот на Газа.

Кажа дека тоа се однесува и на Јахја Синвар, командантот на Хамас во Газа, и командантот на военото крило на групата Мохамед Деиф.

Поранешниот британски премиер Риши Сунак ја критикуваше одлуката на Кан во мај, а потоа месец дена подоцна неговата влада го извести МКС дека ќе се противи на таа одлука.

Меѓутоа, високи функционери на лабуристите инсистираат дека ќе се почитува независноста на судот.

Министерот за надворешни работи Дејвид Лами кажа во мај дека ставот на лабуристите е дека одлуката на главниот обвинител на МКС да поднесе налози за апсење е „независна работа на судот и обвинителот“.

Одлуката на британската влада не значи дека барањето на Кан сега ќе биде автоматски одобрено.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ