среда, 30 октомври 2024

Британија тврди дека севернокорејски хакери се обидуваат да украдат нуклеарни тајни

Севернокорејски хакери наводно спровеле глобална шпионска кампања чија цел била кражба на доверливи воени тајни во корист на контроверзната програма за развој на нуклеарно оружје на Пјонгјанг, тврдат Соединетите Американски Држави, Британија и Северна Кореја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Хакерите, кои истражителите за кибернетичка безбедност ги нарекуваат Андариел или АПТ45, таргетирале и провалиле во компјутерски системи на широк спектар одбранбени или инженерски компании, меѓу кои има произведувачи на тенкови, подморници, воени бродови, борбени авиони, ракетни и радарски системи, се наведува во соопштението.

„Агенциите кои го потпишуваат овој документ сметаат дека таа група и нивните кибернетички техники остануваат закана за секторите на разни индустрии низ светот, вклучувајќи ги Индија и Јапонија“, се наведува во документот.

Документот заеднички го потпишуваат американското Федерално истражно биро (ФБИ), американската Агенција за национална безбедност (НСА) и кибернетичките агенции – британскиот Национален центар за кибернетичка безбедност (НЦСЦ) и јужнокорејската Национална разузнавачка агенција (НИС).

„Операцијата на глобална кибернетичка шпионажа која ја разоткривме покажува што сè актери на Северна Кореја под покровителство на државата се спремни да направат во корист на унапредување на своите воени и нуклеарни програми“, кажа Пол Чичестер од НЦСЦ.

ФБИ издал потерница по еден наводен севернокорејски хакер и понудил награда до 10 милиони долари за информација која би довело до негово апсење. Тој е обвинет за хакирање и перење пари, според информациите на страницата на ФБИ за најбарани лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ