петок, 18 октомври 2024

Британија крие какво сè оружје ѝ испраќа на Украина

Објавено на

часот

Сподели

„Значителен дел од нашата смртоносна помош (за Украина) се набавува во странство и од оперативни и комерцијални причини, деталите на овие договори нема да бидат објавени“, му соопшти министерството за одбрана на британскиот парламент.

Министерството за одбрана соопшти и дека само договорите со британските компании за пополнување на постоечките залихи на оружје ќе бидат објавени, наведува Дикласифајд Ју-кеј.

Не се знае кои се странските компании чии договори британската влада не сака да ги открие, ниту поради кои системи за вооружување се тие договори потпишани.

Откако заменичката на британскиот министер за одбрана Анабел Голди во март кажа дека Лондон, покрај тенковите „челинџер 2“, на Украина ќе ѝ испорача и муниција со осиромашен ураниум, новите информации сугерираат дека Британија ѝ испраќа уште поконтроверзно оружје на Украина и дека не сака јавноста тоа да го дознае, пишува британскиот портал.

Порталот претходно истакна снимка објавена од британското министерство за одбрана на кое се гледаат украински војници на обука за ракување со муниција за тенковите „челинџер 2“. На снимката може да се види граната со осиромашен ураниум, но и американски инструктор кој учествувал во обуката.

По Вашингтон, Лондон ѝ испрати најмногу оружје на Украина од почетокот на конфликтот, со вкупна вредност од 2,4 милијарди фунти (околу 2.7 милијарди евра), а британската влада вети дека истото количество ќе го испорача и во оваа година.

Во британските пратки има 10.000 парчиња противтенковско оружје, вклучувајќи 5.500 лесни преносливи противтенковски ракетни фрлачи НЛАВ, но и илјадници ракети земја-воздух „старстрик“, наведува Дикласифајд Ју-кеј.

И покрај предупредувањата на Москва дека испраќањето оружје кое би му овозможило на Киев да гаѓа на територијата на Русија би имало кобни последици, британскиот премиер Риши Сунак минатиот месец кажа дека Британија на Украина ќе ѝ испрати оружје „со поголем дострел“ во рамки на следниот пакет.

Иако не се знае на кое точно оружје мисли Сунак, Дикласифајд Ју-кеј наведува дека се сомнева на крстосувачките ракети „сторм шедоу“, кои можат да летаат преку 240 километри и кои британското воздухопловство ги користеше во НАТО агресијата на Либија во 2011 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ