петок, 18 октомври 2024

Брисел: Мерките на ЕУ против Косово стапија на сила, за тоа е известена и владата на Косово

Објавено на

часот

Сподели

Неименуван портпарол на ЕУ за приштинските медиуми потврдил дека привремено е прекината работата во работните тела во рамки на Договорот за стабилизација и асоцијација, Косово исто така нема да биде повикано на состаноците на високо ниво, а билатералните состаноци ќе бидат суспендирани.

Потврдено е дека е прекинато програмирањето на средства за Косово во рамки на ИПА 2024, додека предлозите кои Косово ги претставило во рамки на Инвестициската рамка за Западниот Балкан воопшто не се поднесени на разгледување до одборот на Инвестицискиот фонд на состанокот одржан на 29 и 30 јуни.

Стапувањето на сила на овие мерки го потврди комесарот за проширување Оливер Вархељи, кога навести дека Косово не е вклучено во издвојувањата на фондот од 2,1 милијарди евра кои ги одобрил Оперативниот одбор за инвестиции за Западен Балкан.

Според портпаролот на ЕУ, мерките кои се воведени против Косово се привремени и реверзибилни во зависност од случувањата на терен и одлуките за деескалација кои може да ги донесе косовскиот премиер Аљбин Курти.

Најавено е дека Европската Унија внимателно следи дали Србија ги исполнува официјалните барања на Брисел и дека се спремни да преземат мерки ако не бидат исполнети.

Европската Унија очекува од Косово да дејствува кон деескалација и да ги прекине полициските операции во општинските згради на северот на Косово, градоначалниците привремено да ги вршат своите должности од други објекти и предвремени избори да бидат распишани што е можно побрзо во четирите српски општини и организирани на целосно сеопфатен начин, со „полно и безусловно учество на косовските Срби“, порача Брисел.

„За жал, Косово сè уште не ги презело потребните чекори. Затоа ЕУ – како што е прикажано во изјавата (на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп) Борел, во име на државите членки од 3 јуни, одлучи да примени мерки против Косово“, кажа портпаролот на ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ