петок, 18 октомври 2024

Бред Пит во Скопје?

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето кога планира да почне да го снима филмот во Скопје и дали веќе размислува за кастингот на улогите, тој одговори: „Тоа ќе бидат главно македонски глумци и еден странец, Германец. Би сакал тоа да биде некој како Бред Пит. Можеби ќе биде баш тој, кој би знаел?“
Во интервјуто Шербеџија зборува за талентот на Новак Ѓоковиќ и дека смета дека тој долго ќе биде најдобар на светот, како и за тоа дека единственото нешто за што жали во животот е што не заиграл фудбал во Прва лига, а можел.
На прашањето зошто во последно време игра претежно негативци, тој вели: „Еден од најголемите американски глумци беше Хемфри Богарт, а главно глумеше негативци и лузери. Изгледа тие улоги се поинтересни. Впрочем, што можам јас да глумам во американски филмови освен странец. Добрите момци се резервирани само за вистинските Американци.“
Шербеџија со Пит глумеше во филмот на британскиот режисер Гај Ричи, „Снеч“, а Анџелина Џоли неодамна изјави дека би сакала тој да глуми во нејзиниот следен проект.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ