петок, 18 октомври 2024

Брако учествуваше на саемот за индустрија во Хановер

Објавено на

часот

Сподели

Директорот на секторот за тешки метални конструкции во Брако, Перо Колев, ги запозна заинтересираните деловни субјекти присутни на саемот со можностите кои ги нуди Брако во делот на производството, современата технологија од последната технолошка генерација и високотехнолошките производи од портфолиото на Брако.

Брако има долгогодишно искуство и соработка со реномирани компании од Европа светот и извезува производи во околу 50 држави на сите континенти, а саемот беше одлична можност за воспоставување на нови соработки и освојување на нови пазари за компанијата.

На саемот учествуваа околу 4.200 компании од областа на машинското инженерство, електричната и дигиталната индустрија и енергетиката, а најбројни беа компаниите од Европска Унија и Централна и Југоисточна Азија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ