недела, 9 март 2025

Бостон со извонредна партија на Тејтум, ја прекина победничката серија на Лејкерс (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс на гостувањето кај Бостон отпатува со осум победи по ред, но шампионот им ја прекина серијата совладувајќи ги со 111-101.

Објавено на

часот

Сподели

Џејсон Тејтум имаше фантастична партија, тој на теренот го помина речиси целиот натпревар, на клупата седна само две ипол минути. Постигна 40 поени, имаше 12 скокови и осум асистенции, Браун даде 31 поен.

Најдобар кај Лејкерс беше Лука Дончиќ кој постигна 34 поени, Леброн Џејмс даде 22 поени имаше и 14 скокови, а беше блиску до трипл дабал бидејќи направи девет асистенции.

Резултати:

Шарлот – Бруклин 105-102
Хјустон – Њу Орлеанс 146-117
Атланта – Индијана 120-118
Торонто – Вашингтон 117-118
Мајами – Чикаго 109-114
Милвоки – Орландо 109-111
Бостон – Лејкерс 111-101
Голден стејт – Детроит 115-110

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ