недела, 24 ноември 2024

Борел во Бејрут повика на итен прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, за време на посетата на Бејрут, денеска повика на итен прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хезболах.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Гледаме само еден можен начин напред, итен прекин на огнот и целосно спроведување на резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН“, изјави Борел по средбата со претседателот на либанскиот парламент Набих Беруи, кој преговара во име на екстремистичкиот Хезболах, пренесоа израелските медиуми.

Врз основа на таа резолуција, се бара либанската армија да биде единствената вооружена сила на југот на Либан.

Резолуцијата не е спроведена откако беше усвоена во 2006 година, што му овозможи на Хезболах да се вооружи и да ги зајакне своите одбранбени способности, а ниту мировните сили на ОН (УНИФИЛ) ниту либанската армија не беа подготвени да се спротивстават.

Борел рече дека во септември бил во Либан и дека тогаш се надевал дека може да се спречи општа војна, два месеци подоцна Либан е, како што оцени, на работ на колапс.

Хезболах почна да го напаѓа северниот дел на Израел и воените пунктови долж границата речиси секојдневно по 8 октомври минатата година, ден по почетокот на војната во Појасот Газа.

Поради тој конфликт, околу 60.000 жители на северен Израел беа евакуирани од своите домови.

Израел ја прошири воената акција против Хезболах во септември, наводно за да им овозможи на тие жители безбедно да се вратат во своите домови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ