вторник, 22 октомври 2024

Борел препорача укинување на казнените мерки за Косово

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел им препорача на државите членки на ЕУ укинување на казнените мерки за Косово, пренесува Радио слободна Европа од извори упатени во содржината на документот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Истите извори потврдуваат дека препораката Борел ја базира на тоа што, според него, Косово презело чекори во насока на исполнување на барањата од ЕУ од 3 јуни 2023 година.

Шефот на дипломатијата на ЕУ извештајот за можноста за укинување на мерките им го предал на државите членки на 18 јуни.

Амбасадорите на ЕУ земјите за овој документ треба да расправаат денес, додаваат изворите, истакнувајќи дека од амбасадорската дискусија ќе зависи како ЕУ ќе постапува понатаму.

Не се исклучува можноста укинувањето на мерките да биде на дневен ред на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, кој ќе биде одржан во понеделник 24 јуни.

Изворите додаваат дека Борел во извештајот оценил дека укинувањето на мерките би претставувало политички сигнал и би придонело кон избалансиран контекст во кој би можел да напредува дијалогот на Белград и Приштина.

ЕУ ги воведе казнените мерки за Косово во јуни 2023 година, по насилствата на крајот на мај на северот, кога градоначалниците од албанска националност влегоа во општинските згради во четирите српски општини и ја преземаа должноста.

Тие беа избрани на изборите во 2023 откако Србите на крајот на 2022 година ги напуштија косовските институции и ги бојкотираа изборите одржани следната година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ