среда, 30 октомври 2024

Борел: Новинарите низ светот плаќаат висока цена за вршењето на својата професија

Објавено на

часот

Сподели

„Секој има право на слобода на мислење и изразување, а тоа право подразбира да се има слобода на избор без мешање, а подразбира и барање, примање и пренесување информации и идеи преку кој било медиум без оглед на границите“, кажа Борел.

Европскиот функционер кажа дека „ЕУ ги осудува сите облици на закани и насилство врз новинарите и ги поддржува медиумските работници во опасност преку локалните мисии и низ наменските програми, како платформата Сејфџурналистс на Западниот Балкан, проектот за поддршка на независните медиуми и основните слободи во Камбоџа и програмата Медија резилиенс во Авганистан“, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Додека зачувувањето слободни, независни и плуралистички медиуми е од витално значење за отпорните и здрави демократии, слободата на медиумите денес се доведува во прашање во повеќето делови од светот, се додава во соопштението.

Новинарите, медиумските работници и сите оние кои на јавноста ѝ изнесуваат независни информации, расветлуваат тешки кршења на човековите права и злосторства и ги повикуваат на одговорност властодршците, според ЕЕАС, сè повеќе се соочуваат со дискредитација, закани и напади.

Новинарите во Украина, во Белорусија и Авганистан, на Блискиот Исток и северна Африка, во Централна Америка, добитниците на Нобеловата награда на Филипините и во Русија и многу други медиумски работници низ светот, вклучувајќи ја Европа, продолжуваат да плаќаат висока цена за вршењето на својата професија, се наведува.

На заканите се особено ранливи новинарките, наведува ЕЕАС, додавајќи дека новинарките се изложени на стигматизација, сексистички говор на омраза, сексуално и родово засновано насилство, па дури и убиства.

Околу 73 отсто од новинарките за време на својата работа доживеале онлајн закани, малтретирање и вознемирување.

ЕУ ќе остане посветена на ангажирањето со владите, медиумите и цивилното општество, како на меѓународните форуми, така и на локално ниво, за да ја преземе иницијативата и да ја зајакне слободата на медиумите низ светот, додаде Борел.

Светскиот ден на слободата на медиумите се одбележува на 3 мај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ