петок, 18 октомври 2024

Борци на Вагнер и белоруски специјалци вежбаат во близина на границата со Полска

Објавено на

часот

Сподели

Во снимка објавена вчера шефот на Вагнер Евгениј Пригожин им посака на своите борци добредојде во Белорусија. Им кажа дека засега повеќе нема да учествуваат во украинската војна, но им нареди да се подготвуваат за Африка.

„Оружените сили на Белорусија ја продолжуваат заедничката обука со борците на Вагнер групата (приватна воена компанија)“, соопшти белоруското министерство.

„Единиците на силите за специјални операции, заедно со претставници на Вагнер, ќе одработат во текот на неделата задачи на борбена обука на полигонот Брест“, се додава.

Полска претходно во јули објави дека ќе испрати 500 полицајци на границата со Белорусија за да се носи со сè поголемиот број мигранти, како и сите потенцијални закани откако борците на Вагнер беа преместени во Белорусија. Денес полски функционери кажаа дека внимателно ја следат ситуацијата на границата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ