четврток, 31 октомври 2024

Бојмацалиев: МВР има капацитет да обезбеди демократски избори

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев вели дека МВР има капацитет да обезбеди фер, слободни и демократски избори, какви што биле и сите изборни циклуси од 2017 година до денес.

Објавено на

часот

Сподели

Истакнувајќи дека периодот во кој МВР било предводено од поранешниот министер Оливер Спасовски со концептот „МВР за граѓаните” бил период на тектонски реформи, кои целосно го промениле безбедносниот апарат на државата и период на крупни инвестиции во капацитетите на македонската полиција. Бојмацалиев во интервју за 24инфо.мк зборува уште и за „инвестициите кои значат надминување на состојбите од минатото кои значеа изборни злоупотреби и нерегуларности, партизирани институции и политичко влијание во изборниот процес“.

Бојмацалиев вели дека со организацијата на локалните избори во 2017 и 2021 година, на референдумот во 2018 година, на претседателските избори во 2019 година, и на парламентарните избори во 2020 година беа поставени стандарди кои не смеат никако да бидат нарушени.

„Тие се водилка и за организација на изборите во 2024 година. Тоа е уште една обврска повеќе и мотивација за посебен ангажман за организирање и спроведување на избори по европски стандарди, со еднакви услови за фер натпревар на изборни програми, без дезинформации и без говор на омраза. Сметам дека е критично да се заштити интегритетот на изборниот процес преку непристрасно и транспарентно управување со изборните процедури. Ова вклучува строга примена на законите против изборни измами и манипулација, како и обезбедување на ефективни механизми за пријавување и адресирање на било какви нерегуларности. Очекувам професионална соработка помеѓу МВР, Владата, Државната изборна комисија, Државната комисија за спречување на корупцијата, домашните и меѓународните набљудувачи, како и со сите органи и тела кои имаат соодветна улога во организацијата и спроведувањето на изборите”, подвлече Бојмацалиев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ