петок, 18 октомври 2024

Богаташите масовно ја напуштаат Норвешка поради високите даноци

Објавено на

часот

Сподели

Тие ја напуштаат земјата откако владата од левиот центар го зголеми данокот на богатство за 1,1 отсто.

Повеќе од 30 норвешки милијардери и мултимилионери ја напуштиле Норвешка во 2022 година, според истражување на весникот Дагенс нерингслив.

Бројот на супербогати луѓе кои ја напуштиле Норвешка минатата година е поголем отколку во претходните 13 години, се наведува.

Се очекува уште богати Норвежани да ја напуштат земјата годинава поради зголемувањето на таксата на богатство во ноември, , што преку загубата во наплата на даноци ќе ја чини владата десетици милиони евра.

Многумина се преселиле во Швајцарија, каде данокот е значително помал, пренесува Гардијан.

Меѓу оние кои се преселиле е индустрискиот тајкун Кјел Инге Роке, кој се преселил во Лугано, во близина на езерото Комо и модниот центар на Европа, Милано.

64-годишниот Роке е четвртиот најбогат Норвежанец, чие богатство се проценува на 1,65 милијарди евра.

Во отворено писмо, тој порача дека го избрал Лугано како своја нова резиденција, која „не е ни најевтина, ниту има ниски стапки на даноци, но за возврат се наоѓа на одлично место во Европа“.

Неговото заминување од Норвешка ќе ја чини скандинавската земја околу 15 милиони евра годишно.

Минатата година Роке бил на првото место по платениот данок, како поединец, а Дагенс нерингслив пресметал дека од 2008 година во државната каса уплатил речиси 132 милиони евра.

Професорот на Норвешката деловна школа Оле Гјемс Онстад вели дека проценката е дека луѓето кои ја напуштиле земјата имаат заедно околу 52,5 милијарди евра.

„Мене ова ми личи на брегзит. Норвешка не е позната по чекори кои ѝ штетат на неа самата, но егзодусот на претприемачи кои ја напуштаат земјата дојде како шок. Некои политичари ги обвинуваат богатите за тоа што заминуваат, но сметам дека бројни обични луѓе едноставно не сакаат нашите најдобри инвеститори да ја напуштаат земјата“, вели Гјемс Онстад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ