недела, 24 ноември 2024

Бочварски: Ковид-пандемијата го намали бројот на превезени патници во железничкиот сообраќај

Објавено на

часот

Сподели

Како пример тој го наведе Коридорот 8 кон Бугарија, пруга која ќе ја чини државата преку 600 милиони евра.

„Имаме сериозна поддршка и од европските фондови и од ЕУ и тоа е нешто што државата го прави како стратешки интерес за поврзување со целиот регион“, потенцира Бочварски.

Според Бочварски, од почетокот на ковид-пандемијата железничкиот сообраќај доживеа силен удар, иако и претходно функционираше со потешкотии.

„Тоа предизвика да имаме намалување на бројот на превезени патници и намалување на обемот на сообраќај, имајќи предвид дека ние во моментот на Коридорот 10 реконструираме една делница од Ногаевци до Неготино, што го отежнува сообраќајот по Коридорот 10. Од друга страна имаше застој на сообраќајот во Грција, претходно имаше намалување на сообраќајот во Србија, сето тоа предизвика намалување на конкурентноста на железничкиот сообраќај“, рече Бочварски.

Министерот очекува во наредните години да продолжат со работа на сите овие клучни инфраструктури проекти, со што кога ќе постојат отворените линии ќе има и зголемен сообраќај – меѓународен, патнички и товарен на сите дестинации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ