недела, 20 октомври 2024

Блумберг: Без поддршка за мировниот план на Киев на состанокот во Давос

Состанокот на советниците за национална безбедност во Давос завршил без јасен план за Украина, известува Блумберг, додека се очекува пристигнувањето на претседателот на Украина Володимир Зеленски.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Киев се надевал дека на состанокот, кој се одржа вчера пред почетокот на Светскиот економски форум, ќе добие поддршка за својот „мировен план на Украина од 10 точки“ меѓу земјите од глобалниот југ.

Швајцарскиот министер за надворешни работи Игнасио Касис изјави дека ни Украина ни Русија не се спремни да направат територијални отстапки.

Помошникот на претседателот на Украина Андриј Јермак изјави дека сојузниците на Украина не побарале од Киев територијални отстапки. Целта на Киев била да го искористи годишниот собир на политичките и економските лидери во Давос за да обезбеди поддршка во конфликтот со Русија.

Вкупно 83 делегации присуствувале на состанокот, меѓу кои 18 држави од Азија и 12 од Африка.

Касис кажа дека вчерашниот состанок е веројатно последниот во тој формат, оставајќи ги нејасни следните чекори во врска со конфликтот во Украина. Некои држави бараат во преговорите веднаш да се вклучи Русија.

Киев и понатаму одбива директни преговори со рускиот претседател Владимир Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ