петок, 18 октомври 2024

Блокирани главните гранични премини меѓу Украина и Полска

Полски фармери утрово повторно ги блокираа четирите главни гранични премини меѓу Полска и Украина за сообраќај на камиони. „По паузата за празниците, утринава ја продолживме блокадата на преминот Медика бидејќи не беше постигнат писмен договор со владата“, изјави за АФП Рафал Кондроу, еден од организаторите на протестот, додавајќи дека блокадата ќе трае до 3 февруари.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Полските земјоделци посочуваат дека и понатаму трпат штети поради падот на цените поради увозот на украинско жито на почетокот на минатата година и бараат субвенции и поволни кредити. Трите главни гранични премини се блокирани од почетокот на ноември.

Полските патни транспортери протестираат против „нелојалната конкуренција“ од украинските камионџии и против олеснувањето на правилата за пристап до ЕУ за компаниите од таа земја.

„Разговараме со владата, но засега без резултати“, изјави во четвртокот за АФП Рафал Меклер, еден од организаторите на блокадата. На преминот се пропуштаат само три камиони на час, патнички сообраќај и транспорт на хуманитарна и воена помош.

Новиот полски премиер Доналд Туск вчера изјави дека ќе се обиде да ги убеди полските превозници да не ја користат блокадата како средство за заштита на своите интереси и нагласи дека владата „ќе стори сѐ“ за да ги заштити нивните интереси од нелојалната конкуренција на украинските превозници.

Варшава, Киев и претставници на ЕУ неколкупати разговараа за кризата, но досега не постигнаа договор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ