петок, 18 октомври 2024

Блок-трансакција со акциите на „Раде Кончар“

Објавено на

часот

Сподели

Денешната аукција на италијански обврзници беше клучна за правецот на движење на пазарот, а што се однесува на вчерашната аукција на шпански обврзници, таа привлече силна побарувачка, по што приносите значително се намалија. Ваквиот интерес во голема мера се должи на поволните кредити што Европската централна банка ги пласира кај банките. Банкарскиот сектор беше најголем победник ова утро, при што индексот STOXX Europe 600 порасна за 1,6 %. На азиските берзи цените на акциите растеа, со исклучок на кинеските, а зајакна и вредноста на еврото по успешната аукција на шпанските и италијанските обврзници.

Македонската берза денес го финализира тргувањето оваа недела со трговски ден со натпросечен промет во износ од преку 26 милиони денари. Сепак, најголем дел од прометот беше остварен на редовниот пазар со блок-трансакцијата со акциите на Раде Кончар Скопје. Со оваа акција беше остварен промет од околу 23 милиони денари, а беа истргувани 33.135 акции. Индексот МБИ-10 забележа минимален пад од 0,14%, додека МБИД остана непроменет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ