недела, 20 октомври 2024

Блинкен во Израел: Можеби сте доволно силни сами да се одбраните, но сѐ додека е тука Америка, никогаш нема да морате

Американскиот државен секретар Антони Блинкен зборуваше на заедничка прес-конференција по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Објавено на

часот

Сподели

Тој вели дека е благодарен што се вратил во Израел во „неверојатно тежок“ момент за целиот свет.

„Невозможно ми е да ги гледам фотографиите од убиените семејства… и да не мислам на сопствените деца. Бебиња заклани, тела осквернети, млади луѓе живи запалени, жени силувани, родители егзекутирани пред нивните деца, деца пред нивните родители. Како можеме воопшто да го разбереме тоа?“, рече тој.

Тој ја пофали „храброста на израелските граѓани“.

„Пораката што му ја носам на Израел е следната – можеби сте доволно силни сами да се одбраните, но сѐ додека постои Америка, тоа никогаш, никогаш нема да морате. Секогаш ќе бидеме со вас“, рече тој.

„Секој кој сака мир и правда мора да го осуди Хамасовото владеење на теророт. Хамас има само една агенда – да го уништи Израел и да убива Евреи“, вели Блинкен.

Сепак, тој предупреди дека мора да се преземат мерки на претпазливост за да се избегне повреда на цивилите од сите националности.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ