„Од октомври, повеќе луѓе во Стејт департментот покренаа прашања, изразија загриженост, критики за политиката што ја спроведува Израел, политиката што ја спроведуваме ние“, изјави Блинкен во интервју за Си-ен-би-си во Давос.
„Имаме нешто што се нарекува „канал за несогласување“ што му овозможува на секој да ја изрази својата загриженост. Имавме многу. Прочитав сè“, рече тој.
Други американски телевизиски мрежи исто известуваа за гневот на вработените во администрацијата на Бајден поради политиката кон војната во Газа, особено за бројот на цивилни жртви кој продолжува да расте, барем еден функционер на Стејт департментот поднел оставка.