вторник, 22 октомври 2024

Блинкен: Кинеската поддршка на војната на Русија во Украина мора да престане

Кинеската поддршка на руската одбранбена индустрија ја продолжува војната во Украина и мора да престане, кажа американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Поддршката од Кина ѝ овозможи на Русија да ја одржи својата одбранбена индустриска база, да ја одржи воената машина. Значи, тоа мора да престане“, кажа Блинкен на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Столтенберг оцени дека Кина „не може да продолжи со нормални трговски односи со земјите во Европа, а истовремено да продолжува да ја поттикнува најголемата војна на континентот од Втората светска војна“.

Повторно се закани дека Кина „ќе се соочи со последици“ ако продолжи да ја поддржува Русија.

Кина не ѝ воведе санкции на Русија поради конфликтот кој почна во Украина во февруари 2022 година.

Рускиот претседател Владимир Путин војната ја нарекува „специјална воена операција“ за демилитаризација и денацификација на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ