среда, 23 октомври 2024

Блинкен изрази „сериозни сомнежи“ во резултатите на изборите во Венецуела

Државниот секретар на Соединетите Американски Држави изрази „сериозни сомнежи“ во точноста на изборните резултати во Венецуела според кои досегашниот претседател Николас Мадуро е прогласен за претседател.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сериозно стравуваме дека објавениот резултат не ја одразува волјата или гласањето на венецуелскиот народ“, кажа Блинкен на конференција за медиумите во Јапонија, каде учествува во меѓународна конференција.

Непосредно пред тоа претседателот на венецуелскиот Национален изборен совет Елвис Аморосо објави, врз основа на 80 отсто изброени гласови, дека Мадуро, наследникот на поранешниот претседател Хуго Чавез, освоил 51,2 отсто од гласовите на вчерашните избори, а опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалез Урутија 44,3 и кажа дека тој резултат е „неповратен“.

Според објавените резултати, Мадуро го освои третиот последователен мандат на чело на државата.

„Неопходно е секој глас да биде изброен на праведен и транспарентен начин и изборните функционери веднаш да ги споделат информациите со опозицијата и независните набљудувачи, и изборните власти да објават детални резултати од гласањето“, кажа Блинкен.

Тој додаде дека „меѓународната заедница“ внимателно ја следи ситуацијата и дека ќе реагира во согласност со тоа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ