недела, 14 јули 2024

Блинкен испрати јасна порака до Израел

Објавено на

часот

Сподели

Тој во разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху истакна дека „пред повторно да почнат воените операции, важно е да се земат предвид хуманитарните потреби и заштитата на цивилите на југот на Газа“, соопшти Стејт департментот.

Блинкен ја потврди поддршката на САД на „правото на Израел на одбрана од тероризмот во рамки на меѓународното право“ и го повика Израел да преземе сè за цивилите да бидат поштедени.

Во соопштението се истакнува дека САД „се непоколеблив сојузник на Израел и го поддржуваат неговиот одговор на Хамас“, но притоа изразува стравување дека продолжувањето на борбите на југот на Појасот Газа би можело да ги доведе во замка стотиците илјади цивили кои се таму раселени.

Од израелското правосудство побара да ги приведе „екстремните доселеници кои на Западниот брег вршат кривични дела“.

По разговорот со Нетанјаху, Блинкен замина во Рамала на разговор со претседателот на Палестинската управа Махмуд Абас.

Ова е трета посета на Блинкен на Блискиот Исток од почетокот на војната на Израел против Хамас и бомбардирањето цивили во Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ