четврток, 24 октомври 2024

Блинкен: Иран може да произведе материјал за нуклеарно оружје за една до две недели

Иран веројатно е способен да произведе доволно фисилен материјал за да го користи во нуклеарно оружје за една или две недели, изјави вчера американскиот генерален секретар Ентони Блинкен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сè уште не го произвеле самото оружје, но тоа е нешто што очигледно го следиме многу, многу внимателно“, рече Блинкен на Безбедносниот форум во Аспен, Колорадо.

Техеран вети дека ќе ја ограничи својата нуклеарна програма во договорот од 2015 година, но поранешниот американски претседател Доналд Трамп се повлече од договорот во 2018 година и воведе строги економски санкции кон Иран.

Иран возврати со рестартирање на збогатувањето ураниум и ограничување на инспекциите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

„Иран, со укинувањето на нуклеарниот договор, наместо да биде најмалку една година подалеку од пробивањето на капацитетот за производство на фисилен материјал за нуклеарно оружје, сега е веројатно една или две недели од тоа да го направи“, рече Блинкен.

„Една од најголемите грешки што ги направивме во последниве години беше отфрлањето на тој договор и дозволувањето Иран да излезе од рамката во која го поставивме“, додаде државниот секретар.

Новиот претседател на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави претходно овој месец дека неговата земја не произведува нуклеарно оружје.

Пезешкијан за Техеран Тајмс нагласи дека „одбранбената доктрина на Иран не вклучува нуклеарно оружје“ и додаде дека САД треба да ги укинат штетните економски санкции против Иран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ