Едвард Стрингер, пензиониран маршал на британските воздухопловни сили РАФ, кој беше генерален директор за развој на здружени сили во Министерството за одбрана на Обединетото Кралство, го поддржа потегот – и тврдеше дека западните земји ја принудуваат Украина да води форма на војна што тие никогаш не би ја прифатиле за сопствените сили.
„Постои морална димензија што треба да се земе предвид“, вели тој во напис на Фајненшл тајмс.
„НАТО против Русија би се борел прво добивајќи ја воздушната битка, а потоа би ја користело воздушната супериорност за да води поефикасна копнена битка. Со оглед на слабоста на ВКС (руските воздухопловни сили), ова не е пуст сон. Но ограничените западни донации досега ја принудија Украина да се држи до копнените тактики. Ние го ограничивме Киев да се бори на начин на кој ние не би се бореле и да трпи жртви што ние не би ги трпеле“, пишува тој.
„Ако сакаме Русија да биде поразена, треба да ја смениме оваа позиција. Одлуката за Ф-16ките е голем чекор во вистинската насока. Овие авиони можеби нема да пристигнат навреме за да помогнат во пролетната офанзива на Украина, но и самата најава ќе влијае на воените и политичките процени на Кремљ“, додаде тој.