петок, 18 октомври 2024
Вицепремиерот со ветување

Битиќи: Мостот Љубљанска до крајот на годината ќе ги поврзе улиците Илинденска и Скупи

Објавено на

часот

Сподели

Генералниот директор на ТАВ, Неџат Курт рече дека мостот ќе биде голема придобивка за локалните заедници и дека ТАВ како аеродромски оператор, покрај аеродромското работење како главна дејност, со задоволство придонесува за развојот на локалната инфраструктура во Македонија.

„Како еден од 90-те специјални проекти чија вкупна вредност е 49,7 милиони евра, мостот Љубљанска е од огромно значење бидејќи ќе поврзе два динамични дела на град Скопје и во исто време ќе додаде вредност и придобивка за локалните заедници и особено за граѓаните на град Скопје“, рече Курт, и додаде дека тука нема да биде крајот на соработката со македонската Влада.

х

„Долната конструкција на мостот е веќе завршена и моментално се работи на горниот дел. Веќе е завршено и бетонирањето на главните носачи, попречните носачи и плочата помеѓу крајниот столб и средниот столб и во наредниот период ќе се поставуваат скелиња за поставување на плоча помеѓу столбовите. По завршувањето на работите, ќе добиеме модерен мост со широчина од 24 метри со 4 коловозни ленти, со пешачки и велосипедски патеки од двете страни, едно вистинско архитектонско решение, кое граѓаните го заслужуваат. Очекувањата се работите на мостот да се финализираат кон крајот на оваа година“, изјави Битиќи.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ