петок, 18 октомври 2024
БСВ контра тврдењата на ОЈО ГОКК

Бирото за судски вештачења три и пол години ја чека дополнителната документација за Мерко

Објавено на

часот

Сподели

Од Бирото за МКД.мк велат дека три години подоцна тие не ја добиле потребната документација.

Во однос на последното дополнување на вештиот наод и мислење по Наредбата на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, од страна на вештото лице од градежна област со допис од месец ноември 2020 година е побарана од надлежното обвинителство дополнителна документација, како би можело истото  да се произнесе по прашањата со дополнителен наод и мислење, но ден денес Бирото за судски вештачења ја нема добиено бараната документација, велат од БСВ за МКД.мк.

Оттаму не прецизираат за колку и за кои случаи се поднесени барања за вештачења до Бирото, а се поврзани со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко туку само потврдуваат дека е побарано вештачење и три дополнувања на вештачењето по пријата на УФП. Од Бирото се децидни дека тие уште во 2015 година го изготвиле основниот наод и мислење.

Во врска со предметот на Основното јавно обвинителсто за гонење на организиран криминал и корупција, кој е од интерес на јавноста, покрај основниот наод и мислење изготвен во текот на 2015 година од страна на вешти лица од Бирото за судски вештачења, има повеќе дополнувања на истиот согласно дополнителната документација, велат од БСВ за МКД.мк.

Од Бирото за судски вештачења појаснуваат дека во последното дополнување на вештиот наод и мислење, вештите лица од Бирото се произнесле само по однос на прашањата од економска област но не и градежната за која што е побарано дополнително вештачење од страна на ОЈО ГОКК токму заради тоа што обвинителството сѐ уште не им ја дало потребната документација која ѓто треба да биде вештачена.

Претходно Јавното обвинителство соопшти дека еден од шесте активни предмети против струшкиот градоначалник Мерко е и оној ја УФП од 2015 година и дека надлежниот обвинител од 2020 година го чека побараното вештачење од Бирото за судски вештачења.   

Обвинителот што постапува во предметот издал Наредба за вештачење до Бирото за судски вештачења, по доставените наоди во три наврати е побарано дополнување на вештачењето. Предметниот обвинител сѐ уште го чека постапувањето по Наредбата за дополнување издадена во февруари 2020 година, соопштија од обвинителството.  

                                                                                                                                                                И.О.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ