Како што пишува Билд, дронот УЈ-22 полетал од Украина во неделата попладне. Тоа е најмодерното украинско беспилотно летало со среден дострел, до 800 километри. Целта наводно бил новоизградениот индустриски парк во близина на Москва, кој Путин требаше да го посети тој ден. Пред да стигне до паркот Руднево, дронот се урнал.
Украинскиот активист Јуриј Романенко, за кој се вели дека има блиски врски со разузнавачките служби на Киев, преку писмо ја презеде одговорноста за нападот.
„Минатата недела нашите разузнавачи добија информации за патувањето на Путин во индустрискиот парк Руднево. Соодветно на тоа, полета наше беспилотно летало камиказа, кое помина низ целата воздушна одбрана на Руската Федерација и се урна недалеку од индустрискиот парк“, напиша тој. додавајќи: „Путине, сѐ поблиску сме ти“.
Неколку приватни руски медиуми јавија за пад на беспилотно летало УЈ-22 во близина на селото Вороского, источно од Москва, вели Билд. Местото на несреќата е на околу 20 километри источно од индустрискиот парк Руднево.
The UAV flew to Moscow.
A drone stuffed with explosives, similar to the Ukrainian UJ-22 Airborne, fell in the village of Vorovskoye near Noginsk near Moscow. Among the wreckage of the UJ-22 are Canadian 1.25-pound M112 explosive charges based on C4 plastic explosive weighing… pic.twitter.com/7QqxP94XNR— Victor vicktop55 (@vicktop55) April 24, 2023
На снимката се гледа дека во дронот имало 30 блокови експлозив Ц4 со вкупна тежина од 17 килограми. Експлозивни полнења од типот М112 користат, меѓу другите, Армијата на САД и канадските вооружени сили.
Дописникот на Путин од Кремљ, Павел Зарубин, во неделата наутро рече дека претседателот планира да посети индустриски парк во Москва. Тој не прецизираше кога точно ќе се одржи посетата. Граѓаните што во неделата беа во паркот објавија фотографии на кои се гледа сивиот тревник пред главната зграда испрскан со зелена боја.
The lawn was painted green in preparation for the arrival of #Putin in Moscow’s Rudnyovo industrial park.#RussiaIsCollapsing#RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/NrlmPVo9dE
— Sonja Eftimovska (@sonjaeftimovska) April 23, 2023
A Ukrainian UJ-22 airborne drone stuffed with explosives fell in the Moscow region. pic.twitter.com/ORTyyM4Edx
— Spriter (@Spriter99880) April 24, 2023
Сепак, остана нејасно дали шефот на руската држава сакал да го посети индустрискиот парк во неделата или дури во понеделникот. Од безбедносни причини, посетите на Путин понекогаш се случуваат еден ден пред или по објавувањето.
Очигледно Путин не се појавил во паркот. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во понеделникот рече: „Рускиот претседател Владимир Путин работи во Кремљ. Шефот на државата не планира никакви големи јавни настани“.
Украинскиот аналитичар Сергеј Сумлени изјави за Билд: „Јасно е дека еден прецизен напад врз шефот на руската држава со беспилотно летало камиказа е речиси невозможна мисија. Но самиот факт што таков дрон стигна до местото што Путин планира да го посети е шлаканица за рускиот диктатор“.