петок, 18 октомври 2024

БИБЛ: Фени сака со победа да ја почне 2012 година

Објавено на

часот

Сподели

Кавадарчани влегуваат како огромен фаворит во дуелот со екипата од Црна Гора, која досега има само еден триумф во пет одиграни меча во регионалното натпреварување. Тимот предводен од тренерот Емил Рајковиќ веќе беше подобар од Црногорците во првиот меч на теренот на противникот.

„Без разлика на промените во составот на Улцињ, сепак, мислам дека ќе можеме да се радуваме на крајот од средбата. Тие сега имаа понизок тим, кој игра далеку побрзо, но тоа не би требало да биде преголем проблем за нас. Нема да го потцениме противникот и ќе сториме сè за да победиме.“, вели Рајковиќ.

Фени во моментов е третопласиран во група Б со учинок 3-2 и со евентуален триумф драстично би ги зголемил шансите за пласман во следната фаза од БИБЛ-лигата. Според правилата, првопласираните од секоја група директно ќе се пласираат на завршниот турнир, додека екипите на вторите, односно третите позиции од двете групи ќе играат меѓусебе во четврт-финалето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ