четврток, 24 октомври 2024

Би-би-си: Поддржувачи на Трамп користат лажни фотографии за да ги поттикнат Афроамериканците да гласаат за републиканците

Поддржувачите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп користат вештачка интелигенција за да генерираат лажни слики на црни гласачи кои наводно го поддржуваат Трамп и ги споделуваат тие фотографии на социјални мрежи за да ги охрабрат Афроамериканците да гласаат за републиканците на претстојните претседателски избори, пишува Би-би-си.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Медиумот вели дека открил десетици лажни фотографии на кои се гледа како Афроамериканците му даваат поддршка на поранешниот претседател, но додава дека засега нема докази за директна поврзаност на сликите со кампањата на Трамп.

Ко-основачот на организацијата „Блек воутерс метер“, група која ги поттикнува Афроамериканците да излезат на гласање, рече дека лажните фотографии на Трамп опкружен со поддржувачи од Афроамериканската заедница поттикнаа „стратешки наратив“ дизајниран да покаже дека Трамп е популарен во црнечката заедница.

Сликите генерирани со вештачка интелигенција откриени од Би-би-си се чини дека се создадени и споделени од гласачи, поддржувачи на републиканците, соопшти Би-би-си, додавајќи дека меѓу нив се вклучени Марк Кеј и неговиот тим кои водат радио емисија на конзервативна радио станица во Флорида.

Тие направија фотографија од насмеаниот Трамп опкружен со Афроамериканци и ја споделија на Фејсбук профилот на Марк Кеј, кој има повеќе од милион следбеници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ