понеделник, 28 октомври 2024

Беса ќе протестира ако не добие свој член во ДИК

Претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами денеска од Тетово најави дека ќе протестираат ако не се дозволи во Државната изборна комисија (ДИК) да има член од опозицискиот политички блок кај партиите на Албанците. Ова го истакна, одговарајќи на новинарско прашање, што ќе се случи ако немаат свој член во ДИК, а потенцирајќи воедно дека тоа е предвидено во соодветниот закон за избори.

Објавено на

часот

Сподели

„Се работи за едно законско право, тука нема можност за калкулации, самото барање на претседателот на Собранието поставено до опозициските партии, но не и до Алијанса за Албанците која претендираше дека треба да го добие тоа место, покажува дека законот е јасен. Но и понатаму претседателот на Собранието се обидува да направи опструкции во овој дел “ рече Касами.

Тој рече дека како опозициски партии имаат конкретен предлог кој човек да биде член и се надеваат дека Собранието ќе постапи согласно законот.

„Тие мсе законодавен дом и ако тие не го почитуваат законот и не може да го очекуваме други да го почитуваат. Ние се надеваме дека до пред, формално да се формира техничката Влада ќе го добиеме нашиот член затоа што тоа е предуслов за фер и демократски избори. Но ако во секој случај, претседателот на Собранието продолжува да ги игнорира законите, јас во една прилика кажав дека ние нема да дозволиме да се организираат избори каде што сите партии и сите граѓани ќе немаат еднакво право да учествуват и да го дадат својот глас за ги изберат своите претставници на следните избори. Дадов пример дека ќе протестираме, ќе ги искористиме сите нашите демократски права за да не дозволиме недемократски и нефер избори да се организираат во Македонија“, истакна Касами од Тетово каде како градоначалник изврши промоција на реконструирана улица. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ