понеделник, 21 октомври 2024
Во Судскиот совет

Беса Адеми на последниот работен ден од оваа година ќе треба да даде одбрана за иницијативата за нејзино разрешување

Судскиот совет ќе расправа за барањето за разрешување на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми на последниот работен ден од оваа годината, пренесува Телма. Тричлената комисија на известители во петок на 29 ти декември закажала расправа на која и лично Адеми ќе може да даде своја одбрана на наводите со кои се бара нејзино разрешување. 

Објавено на

часот

Сподели

Судскиот треба да се произнесе дали на оваа седница ќе присуствуваат медиумите и невладините со оглед на тоа што Адеми најави дека ќе бара јавност. Минатата недела на новинарско прашање за иницијативата за нејзино разрешување, Адеми кусо одговори дека  ваквите постапки се од доверлив карактер, но дека таа би барала медиуми со цел пошироката јавност да биде информирана.   

Член 61 од законот за судски совет пропишува дека постапката е од доверлив карактер и се води без присуство на јавност, но по барање на судија советот ќе може да  одлучи постапката да биде јавна. 

И од Судски совет посочиле дека ако има такво барање, Судски совет ќе одлучи дали ќе бидат споделени информациите во јавноста.

Односите меѓу Судски совет и претседателката на највисокиот суд ескалираа по нејзиното интервју во кое говореше за политички притисоци врз судиите и како еден од начините за влијание ја спомена секогаш присутната закана дека може да бидат разрешени. Судски сивет по ова ја повика на средба на кој таа не се појави и им одговори да ги решат прво проблемите во своите редови. Периодов Адеми беше и мета на напади преку портали за кои Телма пишуваше дека стојат луѓе блиски до ДУИ.

Постапката за Адеми е во втора фаза кога треба да се расправа по иницијативата. Се  изведуваат докази поднесени од подносителот, во случајов член на судски совет. Судијата добива покана да присуствува и има право усно на записник или писмено во рок од три дена да се произнесе по сите докази изведени на расправата стои во членот 66 од законот за Судски совет.

Комисијата во рок од 15 дена од денот на завршувањето на расправата поднесува Извештај за констатираната состојба до Советот. И ова е последната трета фаза од постпаката пред судски во која членовите може да одлучат дека нема одговорност или да го разрши судијата со најмалку 8 гласови.

Судскиот совет е во фокусот на јавноста од мината година кога екс-претседатлеката Црвенковска поднесе оставка поради хајки од судско бизнис елита, а нејзината наследничка Дамева беше разрешена во контраверзна процедура.

Превирањата во Судски се најдоа и во фокусот на извештајот на ЕК во делот правосудство а Оценската мисија на ЕУ даде 40 препораки за подобрување на состојбите во ова судско тело.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ