четврток, 24 октомври 2024

Берни Сандерс: Нетанјаху е воен злосторник, не би требало да добие ни пара од САД

Сенаторот со еврејско потекло од американската сојузна држава Вермонт Берни Сандерс кажа дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е „воен злосторник“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Се сложувам со обвинителот на Меѓународниот кривичен суд и независната комисија на Обединетите нации дека Бенјамин Нетанјаху и (лидерот на Хамас) Јахја Синвар се воени злосторници“, сооопшти Сандерс.

Како одговор на „ужасниот напад“ на Хамас на 7 октомври 2023, додава сенаторот, „Нетанјаху и неговата десничарска, екстремистичка влада почнаа тотална војна против палестинскиот народ, убивајќи најмалку 39.000 Палестинци и ранувајќи 89.000 –  од кои 60 отсто се жени, деца или постари луѓе“.

„Воената машина на Нетанјаху го направи животот во Газа невозможен, уништувајќи ги домовите, физичката инфраструктура и здравствениот систем. Секој универзитет е бомбардиран, а оштетени се 88 отсто од сите школски згради. А сега, поради ограничувањата на хуманитарната помош, околу 495.000 луѓе се соочуваат со катастрофално ниво на несигурност на храната – односно тие гладуваат“, истакна Сандерс.

Сенаторот заклучи дека Нетанјаху „не би требало да биде добредојден во Конгресот на САД“ и дека неговото одбивање да го поддржи решението за две држави треба „остро да се осуди“.

„Според мене, неговата десничарска, екстремистичка влада не би требало да добие ни пара од даночните обврзници на САД за продолжување на нехуманото уништување на Газа“, заклучи Сандерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ