недела, 27 октомври 2024

Бербок: Путин не сака да преговара

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека очекува натамошна ескалација на војната во Украина, оценувајќи дека рускиот претседател Владимир Путин не сака да преговара.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тој повеќе од јасно дава до знаење дека е вон дофатот на рационалните аргументи и вредностите на човештвото. И сигурно не сака да преговара“, изјави Бербок за медиумската група Функе.

Германската министерка оцени дека ќе има незамисливи последици доколку Украина биде поразена во војната.

„Човештвото мора да победи“, рече Бербок, додавајќи дека безбедноста на Европа и меѓународниот поредок ќе бидат загрозени доколку Русија ја победи Украина, пренесува Тагесшпигел.

„Поддршката на Украина е наша сопствена гаранција за безбедност“, смета Бербок.

Сепак, таа ја отфрли можноста за испраќање европски копнени трупи во Украина.

Според Бербок, целта на Путин е да го уништи постоењето на Украина како независна, слободна земја и да го вовлече НАТО во војна.

„Јасно ставивме до знаење од самиот почеток дека никогаш нема да го дозволиме тоа“, рече Бербок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ