„Единиците на механизирана формација се доведени во состојба на готовност за извршување на задачите што им се наменети. Војниците товарат воена опрема во железничкиот транспорт и започнуваат комбиниран марш до одредените области“, се вели во соопштението, придружено со фотографии од тенкови кои се натоварени на железничките платформи.
Вчера претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека ситуацијата на границата со Украина не е мирна и дека има намера да се справи со проблемот на лице место.
Како што рече, завчера беа соборени украински јуришни беспилотни летала над територијата на Белорусија, а еден дел над територијата на Русија. Лукашенко настанот го нарече провокација, истакнувајќи дека нема да остане без одговор.
🇧🇾 Tenkovi jedne od mehanizovanih brigada Oružanih snaga Belorusije prebacuju se na granicu sa Ukrajinom u okviru odluke o jačanju pograničnih trupa, saopštila je pres-služba beloruskog Ministarstva odbrane.#Belarus #tanks pic.twitter.com/HsMIBNKIoe
— Sputnik Србијa (@rs_sputnik) August 11, 2024
Белорускиот лидер нареди да се зајакнат групите војници на границата со Украина во тактичките насоки Гомел и Мозир. Министерот за одбрана на државата, Виктор Хренин, изјави дека единиците на силите за специјални операции, копнените трупи и ракетните сили имале задача да маршираат кон одредените области.