сабота, 30 ноември 2024

„Бели ноќи“ на МНТ во чест на 80-годишниот роденден на Народниот театар во Битола

Вечерва во чест на 80-годишнината од формирањето на НУ Народен театар Битола, Македонскиот народен театар ќе ја одигра претставата „Бели ноќи“ според делото на Ф. М. Достоевски, а во адаптација и режија на Звездана Ангеловска.

Објавено на

часот

Сподели

Во овој копродукциски проект играат Ана Јовановска и Дамјан Цветановски. Како сценограф се потпишува Мартин Манев, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска, а музиката е на Марјан Неќак.
Претстава „Бели ноќи“ својата премиера ја имаше на 17 октомври на малата сцена во МНТ и наиде на многу позитивни коментари од страна на публиката. Следните изведби во МНТ, на оваа љубовна драма, се закажани на 15 и 28 ноември со почеток во 20 часот, а билетите се веќе пуштени во продажба.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ