вторник, 10 декември 2024

МАРЕС: Вложување во долгорочни решенија и иновации за енергетска независност на државата

Како заклучок од втората конференција на Македонската асоцијација за обновливи извори (МАРЕС) се наведува дека е неопходна тесна соработка меѓу јавниот и приватниот сектор за успешна енергетска транзиција и вложување во долгорочни решенија и иновации коишто ќе ја зајакнат енергетската независност на државата.

Објавено на

часот

Сподели

На конференцијата учествуваа претставници на Владата, Регулаторната комисија за енергетика, МЕПСО, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, како и домашни и странски експерти.

За време на конференцијата се разговараше за стратегиите до 2040 година и предизвиците за енергетска ефикасност и интеграција на обновливите извори, како и за пазарните механизми и финансиските модели потребни за забрзување на обновливите извори. Беа споделени и странски искуства во насока на важноста од стабилност и транспаретност во финансиската поддршка за проектите од обновливи извори. Дел од конференцијата беа и дебатите за улогата на Министерството за енергетика во забрзувањето на декарбонизацијата и поддршката на климатите активности на државата.

Конференцијата е реализирана со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), Европската банка за обнова и развој (EBRD), НЛБ Банка како и Шпаркасе Банка, кои ја потврдија својата заложба за развој на зелени проекти и одржлив развој во регионот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ