среда, 23 октомври 2024

Белата куќа: Бајден ќе го отслужи претседателскиот мандат до крај

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Џозеф Бајден, кој најави дека се повлекува од кампањата за реизбор на претседателските избори на 5 ноември, ќе го отслужи својот мандат до крај и покрај повиците на дел од републиканците во Конгресот да отстапи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се вели дека Бајден рекол дека „со нетрпение очекува да го заврши својот мандат“ на прашањето од републиканците во Конгресот кои го повикуваат да се повлече од функцијата претседател.

Портпаролот на Белата куќа Ендрју Бејтс изјави за Си-ен-ен дека за време на својот мандат, Бајден успеал да ја претвори американската економија, која беше во пад, во економија со најбрз раст во светот, и дека за време на неговиот мандат е забележана најниска стапка на насилен криминал во речиси 50 години.

Бејтс изјави дека Бајден го направил НАТО поголем од кога било.

„И тој ќе продолжи да се бори за заштита на слободите на Американците од радикални забрани за абортуси и напади врз владеењето на правото“, рече Бејтс.

Неколку републиканци од Конгресот вчера го повикаа Бајден да поднесе оставка, меѓу кои и претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Мајк Џонсон и претседателот на огранокот на републиканската кампања во Претставничкиот дом, Ричард Хадсон.

Во најавата за повлекување од кампањата за реизбор на претседателските избори, Бајден во писмо на платформата Икс рече дека верува дека е во најдобар интерес на неговата партија и земја да се повлече и да се фокусира исклучиво на исполнување на своите должности како претседател до крајот на мандатот.

Бајден, исто така, рече дека ја поддржува американската потпретседателка Камала Харис како кандидатка на демократите на претседателските избори на кои би му се спротивставила на републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ