понеделник, 28 октомври 2024

Белата куќа: Бајден разговараше со Трамп по атентатот врз бившиот претседател

Американскиот претседател Џозеф Бајден разговараше со Доналд Трамп, по обидот за убиство на поранешниот американски претседател на неговиот предизборен митинг во Пенсилванија, потврди неименуван претставник на Белата куќа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот Џо Бајден разговараше со поранешниот претседател Доналд Трамп во саботата вечерта, само неколку часа по обидот за негово убиство на неговиот митинг во Пенсилванија.

„Бајден разговараше и со гувернерот на Пенсилванија Џош Шапиро и градоначалникот на Батлер Боб Дандоје“, додаде неименуваниот функционер, според Ројтерс.

Поради обидот за убиство на Трамп за време на предизборниот митинг во Батлер, претседателот Бајден порано го напушти својот дом во Делавер и се врати во Белата куќа утрово, објави Белата куќа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ