петок, 18 октомври 2024
Конференциска лига

Базел победи во Фиренца, Вест Хем го доби првиот дуел со АЗ Алкмар

Објавено на

часот

Сподели

Фиорентина водеше со 1-0 по првото полувреме со гол на Кабрал во 25. минута од натпреварот, но работите се променија во вториот дел.

Базел успеа да изедначи преку Диуф во 71. минута, а со гол на Амдоуни во 93. минута направи комплетен пресврт и победи со 2-1.

На мечот меѓу Вест Хем и АЗ Алкмар беше обратно. Гостите водеа на полувреме, а домаќините победија.

АЗ со погодок на Рејндерс во 41. минута поведе со 1-0. Во 67. минута Бенрахма го изедначи резултатот, а десетина минути подоцна Антонио донесе победа за Вест Хем.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ