недела, 20 октомври 2024
НЕМААТ ПАРИ ЗА НАСТАП НА ТРАНСФЕР ПАЗАРОТ

Барселона очигледно е во очајна ситуација, се размислува за ангажман на Џеси Лингард

Барселона нема средства за засилувања во зимскиот преоден рок, па раководството на клубот размислува за шокантен ангажман на Џеси Лингард, кој со месеци нема клуб.

Објавено на

часот

Сподели

Чави сака неколку нови имиња до крајот на овој месец со цел да може подобро да му парира на Реал Мадрид во продолжението од сезоната, но како што стојат работите во моментов, поради лошата финансиска ситуација, треба да се случи чудо за „каталонците“ да се активираат на трансфер пазарот.

Но како што пишува Мундо Депортиво, ново име може да пристигне, Барселона размислува за шокантен ангажман на Џеси Лингард.

31 годишниот Англичанец може да пристигне беспари, ниту пак ќе бара голема плата, но прашањето е дали Барселона треба да тргне по фудбалер кој со месеци нема клуб.

Откако му заврши договор со Нотингем Форест во јуни минатата година, ниту еден клуб посериозно не загриза за неговите услуги, не се покажа ниту на пробите со Вест Хел и Ал Етифак, па Џеси Лингард неодамна го промени агентот со надеж дека ќе му се укаже прилика.

Останува а се види дали таа прилика ќе биде од соништата, секој би ја одбрал Барселона, па макар и да има ограничена минутажа.

На слична авантура пред неколку години се одлучи Кевин Принц Боатенг, зделка која зачуди многумина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ