петок, 18 октомври 2024

Барса – Реал, чин петти

Објавено на

часот

Сподели

Шпанскиот првак Барселона го дочекува лутиот ривал Реал мадридската предност од 2-1 во реваншот од четвртфиналето на Кралскиот куп, па избраниците на Пеп Гвардиола најавуват продолжување на доминацијата над „кралскиот клуб“. Девет победи во 14 меча имаат Каталонците и само еден пораз и тоа на неутрален терен.

„Ако играме на резултат, ќе не елиминираат. Не смееме да гледаме кон тоа. Не очекува нов тежок меч и наше е да одиграме нов дуел како да е 0-0. Мора да знаеме дека Реал е подобар во удари од далечина, во контри. Така ќе играат и треба да внимаваме. Затоа мора да си играме наша игра и да се обидеме да дадеме гол“, најави Пеп Гвардиола пред мечот.

Барса и Реал сезонава ќе го играат петтото дерби. Досега Барселона победи како гостин двапати, и тоа со 3-1 во првенството и 2-1 минатата недела во Купот, како и со 3-2 дома во реванш мечот од Суперкупот на Шпанија со гол во самиот финиш. Ремизираше 2-2 во Мадрид во првиот дуел од Суперкупот. Чинот пет од „Ел класико“ ќе даде одговор кој ќе биде полуфиналист во Купот. Шестиот чин, пак, речиси сигурно ќе го даде првакот, а можни се и дуели во ЛШ во трката за европската круна.

Жозе Мурињо е под жесток притисок на јавноста па речиси сигурно следните 180 дерби минути, вклучувајќи ги и овие ќе ја решат неговата судбина на „Сантијаго Бернабе“. Неуспех, ќе значи дека е неминовна разделбата, особено откако медиумите објавија дека шпанските репрезентативци веќе имаат клан во соблекувалната и му противречат на Португалецот. Можеби ова дерби ќе се сврти во корист на Мурињо, кој не ја исполни задачата да барем да ја намали доминацијата на Каталонците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ