четврток, 25 јули 2024

Барањето за екстрадиција на Палевски тргна на пат за Турција

Министерството за правда информира дека пред малку е испратено барањето до турските власти за екстрадиција на првоосомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски – Палчо. Барањето е испратено дипломатски преку Министерството за надворешни работи, а како што налага процедурата, оригиналниот документ ќе патува по брза пошта.

Објавено на

часот

Сподели

„Министерството  за правда го испрати барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски кое преку МНР ќе биде доставено по дипломатски пат до  турските власти.

Oригинал документ е испратен по ДХЛ до Министерството за правда на Република Турција и во скенирана верзија е пратен и до  ИНТЕРПОЛ.

Очекуваме соработка со правосудните органи на Република Турција, навремено процесуирање и постапување  од нивна страна во најкус можен рок.

Барањето за екстрадиција, министерот Кренар Лога го потпиша вчера со што  отпочна процедурата за екстрадиција на Љупчо Палевски. Во текот на денешниот ден  експресно беа преведени сите потребни списи и документи на турски јазик, по што барањето за екстрадиција се испрати на турските власти“, се вели во соопштението на Министерството за правда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ