петок, 18 октомври 2024

Барањата за амнестија за организаторите на „27 април“ се неосновани, вели судот, судењето одложено за јули

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков, информираше дека по барањето на одбраната за примена на Законот за амнестија од 2018 година за обвинетите за случајот и добиеното мислење на јавниот обвинител, донел одлука со која барањето се отфрла како неосновано. 

„Се одбива како неосновано барањето за амнестија, бидејќи не се исполнети условите од член 1, став 2, алинеја еден и два од Закон за амнестија“, рече судијата Трпков.

Со оглед дека обвинетите имаат право на жалба на одлуките, судењето се одложи за 6 јули 2023 година. 

Судот, на почетокот информираше дека го добил мислењето на јавниот обвинител, дека обвинетите не се луѓе кои ги опфаќа Законот за амнестија и дека во оваа фаза не постои правна можност судот да одлучува по амнестијата. 

Адвокатот Еленко Миланов, во однос на мислењето на јавниот обвинител, наведе дека не го ограничува судот да донесе решение со кое ќе ја запре постапката согласно одредбите од Законот за амнестија од 2018 година, со што примената на институтот амнестија не е врзан само во делот со одлучување на пресуда. 

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Трајче Пеливанов. 

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. 

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. 

Апелацискиот суд Скопје во април годинава ја укина првостепената пресуда од јули 2021 година, со која Вељаноски беше осуден на шест и пол години затвор, екс-министрите Јанакиески и Ристовски добија казна од 6 години и три месеци затвор, додека поранешниот директор на УБК Атанасовски шест години затвор, и предметот го врати на повторно судење. 

Од Скопска апелација, во соопштението до медиумите, информира дека “при разгледување на првостепената пресуда судот оцени дека при постапувањето по овој кривичен предмет сторени се суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка од член 415 став 1 точка 11 и став 3 од Законот за кривичната постапка, кои придонеле првостепениот суд да не биде во можност правилно да го примени материјалното право”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ