среда, 23 октомври 2024

Балон со ѓубре од Северна Кореја слета на претседателскиот комплекс во Сеул

Балон со ѓубре испратен од Северна Кореја утрово слета на претседателскиот комплекс во Сеул, Јужна Кореја. „На територијата на претседателскиот комплекс падна ѓубре“, соопшти претседателската служба за безбедност ПСС, пренесува Јонхап.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ова е првпат канцеларијата на јужнокорејскиот лидер, која е во зоната на забранети летови, да биде погодена од балони испратени од Пјонгјанг.

Северна Кореја испрати илјадници балони со ѓубре во Јужна Кореја од мај во знак на протест против пропагандните летоци против Пјонгјанг испратени преку граница од јужнокорејски активисти.

„Истрагата на тимот за хемиски, биолошки и радиолошки одговор покажа дека предметите не претставуваат опасност или дека се контаминирани“, соопшти ПСС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ