петок, 18 октомври 2024
Реакции

Балансерот на Минчев ги скара партиите ЗНАМ и Вреди

„Кадрите на ЗНАМ имаат погрешна проценка дека ќе го создаваат својот политички идентитет на антиaлбанска доктрина, а брзо ќе дојдат локалните избори каде повторно ќе им текне дека без Албанците нема победа во Куманово, реагираат од коалицијата Вреди и додаваат дека нивните очекувања се дека министерот Минчев ќе ги поништи сите огласи според Балансерот во кои Македонци се определуваа како Албанци за да се вработат во јавната администрација“, велат од коалицијата Вреди.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Токму тоа е злоупотреба на Балансерот кое неговото Министерство не смее да ги премолчува. Истовремено, порационално е Димитриевски и Минчев да направат список на државни институции во кои сѐ уште нема пристап за Албанците. Намалувањето на процентите на Албанците е предизборен фолклор и аргумент плус зошто е неопходно да се укине Балансерот и да се донесе Закон за правична застапеност. Со таков пристап ќе се елиминира некои политичари како Димитриевски и Минчев да одлучуваат колку и какви Албанци ќе се вработуваат во јавната администрација“, велат од Вреди.

На ова пак, реагираат од ЗНАМ од каде велат дека не ја разбираат возбуденоста во редовите на Вреди во врска со денешната прес-конференција на министерот за јавна администрација, Горан Минчев.

„Движењето ЗНАМ – за наша Македонија на парламентарните избори во рамки на својата програма стриктно посочи дека ќе влезе во Владата, базирано на принципите на чесност, одговорност и отчетност, и исклучиво со целосно почитување на законите. Би сакале да потенцираме дека терминологијата антиалбанска доктрина не постои во редовите на движењето ЗНАМ. Наша доктрина е доследно почитување и спроведување на актуелни закони. За да ги појасниме работите, би сакале да нагласиме дека во Законот за вработени во јавниот сектор во глава IV-a; член 20-а; став 4 стои: Во институциите на јавниот сектор кои се основани од страна на централната власт, а кои дејноста, односно надлежноста ја вршат на централно ниво и/или преку подрачните единици или други организациски единици на локално ниво, како основ за распределба на бројот на планираните нови вработувања по припадност на заедница, се земаат податоците од последно спроведениот попис на населението на Република Македонија за територија на Република Македонија. Им укажуваме на господата од ВРЕДИ, пред да излезат со какво било соопштение, добро и детално да ги проучат сите постоечки и важечки закони“, се вели во реакцијата на ЗНАМ од каде им порачаа на колегите од Вреди декатреба да разберат дека заврши времето кога можеше да се демонстрира моќ од позиција на власт преку кршење на законите во Македонија.

„Министерството за јавна администрација, согласно законските надлежности го продолжува процесот на усогласување и одобрување на годишните планови за вработување на институциите во јавниот сектор, согласно извршените промени во дигиталната алатка балансер во однос на процентите, а во корелација со податоците од последниот спроведен попис на населението на територијата на Македонија во 2021 година“, изјави на денешната конференција за медиумите министерот Горан Минчев.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ