недела, 20 октомври 2024

Бајден за прв пат го предупреди Израел

Американскиот претседател Џо Бајден го предупреди Израел да не ја окупира Газа во еден од своите најзначајни јавни повици за воздржаност додека Израелците одговараат на терористичките напади од Хамас.

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за „60 минути“ на Си-би-ес, Бајден рече дека би било „огромна грешка“ Израел да ја окупира Газа. Израел сигнализираше дека се подготвува за копнена инвазија на Газа, иако расте хуманитарната криза во крајбрежната палестинска енклава. Бајден повика на заштита на цивилите, а САД работат на ублажување на недостигот од храна, вода и гас, рече тој.

„За она што се случи во Газа, според мене, виновен е Хамас, а екстремните елементи на Хамас не го претставуваат целиот палестински народ“, му рече Бајден на новинарот Скот Пели.

Бајден рече дека верува оти Хамас треба целосно да се елиминира, „но треба да има палестинска управа“. „Мора да постои пат до палестинската држава“, рече тој.

Бајден, во интервјуто за Си-би-ес, рече дека САД се способни воено да ги поддржат и Украина и Израел. „Ние сме Соединетите Држави, најмоќната земја во светот – и не само во светот, туку и во светската историја“, рече Бајден на прашањето дали војните во Израел и Украина се преголем товар за САД.

„Можеме да се грижиме за двете и да ја одржуваме нашата севкупна меѓународна одбрана“, рече Бајден. „Ние сме способни за тоа и тоа е наша должност“, додаде тој, опишувајќи ги САД како „важна нација“. „Ако ние не го направиме, тогаш кој?“ праша претседателот во разговорот снимен во петокот.

По руската инвазија на Украина, САД обезбедија помош во вредност од 44 милијарди долари. Израел редовно добива воена помош од милијарди долари, а добар дел од тоа се троши на проектили. Бајден неодамна најави дека ќе побара од Конгресот поголема помош за Израел. Подготвено е и барање за помош на Украина, но Претставничкиот дом во моментов е блокиран бидејќи нема претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ