недела, 27 октомври 2024

Бајден се повлече од претседателската трка, ја поддржа Камала Харис

Американскиот претседател Џозеф Бајден се повлече од претседателската трка за нов мандат, јавува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Агенцијата пренесува дека Бајден денеска ја прекинал својата реизборна кампања откако неговите колеги од Демократската партија загубиле верба во неговата ментална острина и способност да го победи републиканскиот противник Доналд Трамп.

Во објава на социјалната мрежа Икс, Бајден рече дека ќе остане во својата улога на претседател и врховен командант до истекот на неговиот мандат во јануари 2025 година и дека ќе ѝ се обрати на нацијата оваа недела.

„Најголема чест во мојот живот беше да ви служам како претседател. И иако планирав да одам на реизбор, верувам дека е во најдобар интерес на мојата партија и земја да се повлечам и да се фокусирам на исполнување на моите должности како претседател до крајот на мојот мандат“, напиша Бајден.

Бајден на мрежата Икс објави дека ја поддржува американската потпретседателка Камала Харис да го замени во претседателската трка.

„Колеги демократи, решив да не ја прифатам номинацијата и да ја фокусирам целата моја енергија на должностите на претседателот до крајот на мојот мандат“, напиша тој на Икс.

Тој додаде дека неговата прва одлука како кандидат на изборите во 2020 година била да ја избере Камала Харис за потпретседател и дека тоа е најдобрата одлука што ја донел.

„Денес сакам да ѝ ја дадам мојата целосна поддршка на Камала да биде кандидат на нашата партија оваа година. Демократи – време е да се собереме и да го поразиме (Доналд) Трамп“, напиша тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ