среда, 23 октомври 2024

Бајден сака реформа на Врховниот суд

Американскиот претседател Џо Бајден предложи значителна реформа на Врховниот суд, вклучувајќи ограничувања на мандатот и обврзувачки етички кодекс за девет судии, но предлогот има мали шанси да помине во длабоко поделениот Конгрес.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бајден предложи амандман на уставот за укинување на широкиот претседателски имунитет, кој беше де факто воведен со пресудата на Врховниот суд од 1 јули во случајот на поранешниот претседател Доналд Трамп, во текст објавен во Вашингтон пост.

„Овој народ е основан на едноставниот, но длабок принцип дека никој не е над законот. Ниту претседателот на САД, ниту судијата на Врховниот суд, никој“, напиша Бајден.

Тој го повика Конгресот да донесе обврзувачки правила кои ќе бараат од судиите да откриваат подароци, да се воздржуваат од јавни политички активности и да се изземат од случаите во кои тие или нивните партнери би имале финансиски или други интереси. Тој, исто така, повика на ограничување на мандатот на 18 години за судиите кои сега функцијата ја вршат доживотно.

Бајден ги даде предлозите седум дена откако се повлече од претседателската трка и ја поддржа потпретседателката Камала Харис како ривал на Трамп, републиканскиот кандидат на изборите во ноември.

За време на својот мандат, Бајден назначи еден од деветте судии, либералот Кетанџи Браун Џексон. Трамп назначи тројца од нив, па од 2020 година конзервативците имаат мнозинство од шест спрема тројца, пишува Ројтерс.

За разлика од другите федерални судски службеници, судиите на Врховниот суд немаат обврзувачки етички кодекс. Но, според законот, тие мора да соопштат доколку примат подароци, од кои се изземени вечерите или ручеците и ноќевањата во нечиј приватен дом.

Малку е веројатно дека предлозите на Бајден ќе поминат во Конгресот, каде демократите имаат мнозинство во Сенатот, а републиканците во Претставничкиот дом.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ