петок, 18 октомври 2024

Бајден: Путин се обидува да ја уништи Украина и да го покори нејзиниот народ, мора да биде сопрен

Американскиот претседател Џо Бајден порача дека најновиот руски ракетен напад на Украина претставува „силен потсетник за светот дека по речиси две години катастрофална војна, целите на (рускиот претседател Владимир) Путин не се смениле“, пренесува Војс оф Америка.

Објавено на

часот

Сподели

„Тој се обидува да ја уништи Украина и да го покори нејзиниот народ. Мора да биде сопрен“, истакна Бајден.

Русија денес изврши еден од најголемите ракетни напади на Украина за време на војната, при што загинаа 31 цивил, ранети се повеќе од 120 луѓе и погодени станбени згради во Киев, на југот и на западот на земјата, соопштија украинските власти.

Бајден истакна дека американскиот Конгрес мора да реагира, да ги надмине поделбите и да одобри помош за Киев.

„Ако Конгресот не преземе итна акција во новата година, нема да можеме да продолжиме да испраќаме оружје и клучни противвоздушни системи кои ѝ се потребни на Украина за да го штити својот народ“, наведе Бајден во соопштението.

Додаде дека Американците треба да бидат горди што американската воена поддршка ѝ помогнала на Украина да се бори „за својата слобода и независност“. Влогот, како што истакна, се иднината на НАТО и безбедноста на Европа и Америка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ